Шефот на Volkswagen поднесе оставка

Скандалот со лажирање на податоците за издувните гасови зема жртви

 |  инфодеск  | 

Martin Winterkorn отстапи од местото извршен директор на Volkswagen откако компанијата се вплетка во скандалот со изнесување на лажни податоци за емисијата на штетни гасови, јавува Business Insider.

Иако германските медиуми јавија дека Winterkorn ќе го замени извршниот директор на Porsche, Matthias Mueller, тоа сеуште не е потврдено.

Да потсетиме, последицата можеби од најтажниот скандал во поновата историја на Volkswagen е забележана во понеделникот кога вредноста на компанијата е намалена за 15 милијарди евра. Имено, по отворањето на тргувањето на фракфуртската берза, акцијата на најголемиот светски производител на автомобили падна најмногу во последните шест години. Уште претпладнето падот премина во катастрофа – цената падна за повеќе од 20%.

Претходно, американската агенција за заштита на човековата околина утврди дека софтверот во автомобилите на Volkswagen и Audi давал лажни податоци за емисијата на штетни гасови.

Поради фалсификување на податоците на германската компанија ѝ се заканува казна од 18 милијарди долари, а членовите на управата би можеле и кривично да одговараат. Но, невољите не завршуваат тука бидејќи се очекуваат и тужби поради измама на купувачите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top