Шефот на Oracle го отстапи местото на извршен директор

Основачот и еден од најбогатите луѓе во светот се повлекува  од директорското место

 |  инфодеск  | 

Larry Ellison, 70 годишниот CEO на Oracle, компанија која се занимава со бази на податоци, воедно и основач на истата, го отстапил местото на извршен директор и своето место го препуштил на екс шефот на HP Mark Hurd и Safrai Catz.

Ellison е воедно еден од најбогатите луѓе во Америка и светот чие богатство се проценува на 50 милијарди долари. Овој претприемач е еден од ретките преостанати луѓе кој работел во силициумската долина како извршен директор на компанијата, и е основач од самиот почеток на компјутерската револуција.

Oracle ја основал во 1977 година, а денес компанијата е една од најпопуларните за база на податоци во светот која ја користат сите банкомати, банки и големи установи.

Ellison е познат по трошењето, што покажува и неговиот имот: неколку огромни вили, голф терени, авион, спортски автомобили, супер-јахти и остров на Хаваите. Ellison освен имот, променил четири жени, а бил најдобар пријател со Steve Jobs, љубител е на трки со едрилици, музика и јапонска архитектура.

Иако го отстапил местото на извршен директор, Ellison и понатаму ќе работи полно работно време во својата компанија како шеф на технологијата и како член на управниот одбор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top