Седум знаци кои покажуваат проблем со алкохолот

Проблемите со прекумерна конзумација се се почести

 |  инфодеск  | 

Околу 15% од луѓето кои пијат алкохол стануваат зависни, предупредува Karlton Ericson, директор на истражувачкиот центар за проучување од зависност на универзитетот во Тексас.

Не се сите симптоми исти за сите луѓе, но некои од нив секако дека можете да ги препознаете и да признаете себеси дека сте во проблем. Еве некои од нив:

Си поставувате граница но не ја почитувате

Ако секогаш се обидувате да се ограничите на одреден број на пијалоци и секогаш тоа го пречекорите, имате проблем. За да се надмине проблемот, откријте што ве тера да посакате алкохол и избегнувајте ги. Водете дневник во кој ќе ги запишувате своите чувства поврзани со пиењето и во него направете список на причини поради кои не треба да пиете.

Вашите пријатели коментираат за вашето пиење

Еден од знаците дека ја губите контролата над алкохолот е тоа дека вашите пријатели почнуваат да се чудат колку пиете или дека добро го поднесувате алкохолот. Споредете колку алкохол пиете во однос на препораките од лекарите. За жени тоа се три пијалоци дневно и не повеќе од седум неделно. Доколку пиете во овие граници, големи се шансите дека немате проблем со алкохолот. Меѓутоа, нискиот ризик не значи дека тој не постои.

Најголем дел на вашите планови се поврзани со алкохолот

Ако алкохолот стане центар на вашето живеење и трчате од една до друга тура, или ги избегнувате активностите кои порано сте ги сакале, а не го вклучува алкохолот, тогаш сте на опасна територија. Обидете се наместо на пијалокот, да се посветите на дружење со пријатели во природа, да одите на рекреација, во театар или играјте игри.

Посегнувате по алкохол секогаш кога сте под стрес

Сите луѓе помалку или повеќе се под стрес. Алкохолот може да ви пружи краткорочно олеснување кога сте вознемирени, но брзо ве остава на цедило и ве прави уште понервозни.

Обидете се да се борите против стресот со други техники, како што е медитацијата, прошетки и спорт.

Сами сте загрижени поради премногу алкохол

Вашиот проблем со алкохолот е проблематичен од она утро кога сте се загрижиле поради фактот колку пијалоци сте испиле претходната ноќ.

Доверите се на некој на кого му верувате и консултирајте се со групите за поддршка на зависниците од алкохол.

Лекарот ви вели дека пиете премногу

Лекарите често на своите пациенти им поставуваат прашања за начинот на живеење, вклучувајќи го и тоа колку пиете. Ако сте искрени спрема лекарот, а тој ви каже дека претерувате, би требало да го послушате и да ја намалите конзумацијата.

Често се будите мамурен

Ако пиете повремено, мамурлаците се сосем природна појава. Меѓутоа, ако се зачестени, постои можност дека имате проблем.Обидете се да воспоставите контрола над тоа колку пиете така што ќе го евидентирате во дневник или во некоја апликација од телефонот секој пијалок што ќе го испиете. Така ќе имате јасна претстава колку и што сте испиле.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top