Шарм ел Шеик град на духови

Падот на рускиот авион и опасноста од Исламска држава го опустоши популарното летувалиште

 |  инфодеск  | 

Откако терористите го срушија рускиот туристички авион над Синај, при што се убиени 224 патници и членови на екипажот, Египет се соочува со драматична економска криза бидејќи сè помалку луѓе се одлучуваат своите одмори да ги поминат во таа земја, пишува Daily Mail.

Така и популарниот Шарм елШеик, главниот адут на египетската влада кога е во прашање туристичката понуда се претвори во град на духови.

Тоа го покажуваат фотографиите од тоа место на кои се гледаат празни хотели и одмаралишта со по некој посетител.

Како што пишува Daily Mail, најголемиот број на нивни граѓани одлучиле повеќе да не одат во Египет за време на ладните месеци во Европа, но ним им се придружија и Германците и Французите.

Имено, владите на тие земји издадоа предупредувања дека тие се главната цел на екстремистите и дека би требало да ги избегнуваат египетските дестинации.

Слична е ситуацијата и со Русите, од кои многумина ги пренасочија дестинациите кон други далечни места за одмор.

Меѓудругото, по рушењето на рускиот авион над Синај, кој се движеше на релација Шарм елШеик – Русија, многу авио-компании ги откажаа летовите кон египетското одморалиште.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top