Samsung го претстави најголемиот мобилен уред со Android

Ќе биде интересно да се види каква ќе биде побарувачката по овој необичен уред

 |  инфодеск  | 

Samsung на почетокот на минатиот месец на IFA саемот во Берлин најави дека припрема таблет со голема дијагонала на екранот, а вчера и ифицијално го претстави Galaxy View кој, со оглед на големината, тешко може да се нарече мобилен уред. Имено, Galaxy View доаѓа со екран кој е поголем и од поголемиот број на преносни компјутери и тежок е 2,65 кг. Така што тешко дека ќе се користи како класичен таблет кои луѓето го носат на патувања, плажи и слично. Целна група на овој уред не се корисници кои бараат класичен таблет, туку љубители на видеа, филмови, а кои ќе можат да го преместуваат низ домот, а со додатна тастатура Galaxy View би можел да послужи и како замена за лаптоп.

Што се однесува до хардверските опции овој уред работи на 1.6 GHz осумјадрен процесор, 2 GB RAM и 32, односно 64 GB меморија за чување податоци, а 5.700 mAh батеријата овозможува гледање на видеа до осум часа. Дијагоналата на екранот изнесува 18,4 инчи со Full HD резолуција, а при врвот на екранот се наоѓа 2.1 МР камера за видеоразговори.

Galaxy View ќе работи Android на Google, но не на најновата верзија Marshallow, туку на постарата Lollipop 5.1 и од Samsung велат дека ова е најголемиот мобилен уред кој работи на Android.

Од компанијата сеуште не објавиле цена за овој уред, но ќе биде интересно да се види каква ќе биде побарувачката за овој необичен уред.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top