Самсунг го претстави Galaxy Core LTE

Нов смарт телефон од Самсунг

 |  инфодеск  | 

Самсунг Galaxy Core LTE е опремен со двојадрен процесор од 1,2 GHz, поддржува мултитаскинг и нуди побрзо вчитување на интернет страни.

Има qHD дисплеј од 4,5 инчи кој е оптимизиран за 16:9 видео содржини, како и батерија од 2,100 mAh со продолжена употреба.

Galaxy Core LTE поседува и функции вклучувајќи NFC технологија со S-Beam, така што корисниците можат да разменуваат големи музички, фото и видео датотеки, bluetooth 4.0 и A-GPS+GLONASS.

Задниот дел е преслечен со мека кожа која го чини прилагодлив за држење. Уредот има камера од 5 мегапиксели и паметни функции кои вклучуваат Sound&Shot, Best Photo, Continuois Shot, Panorama, и Buddy Photo Share.

Додатни функции oопфаќаат easy mode, adapt sound, safety assurance, motion UI, smart alert, S vioce, S translator и S travel. Galaxy Core LTE ќе биде достапен во црна и бела комбинација во земјите ширум Европа, во Русија и некои земји од Азија. Во некои региони Galaxy Core LTE ќе го има името Galaxy Core 4G.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top