Неодамнешниот извештај на новинарите на Blooberg ја откри причината поради која дојде до проблем со телефоните Galaxy Note на Samsung – менаџерите на оваа компанија сакале да побрзаат со развојот на новиот телефон за да го претстават што е можно побрзо пред iPhone7 на Apple. Кратките рокови за производителите на компоненти, бројните прекувремени часови и непроспиени ноќи на крајот резултираа со катастрофа за Samsung кој најави повлекување на 2,5 милиони телефони кои пак ќе ги чинат помеѓу една до две милијарди долари. Досегашните купувачи на Note7 имаат можност да го заменат телефонот со нов или да побараат враќање на парите, а од јужнокорејската компанија велат дека повеќето корисници сепак се одлучиле за нов Note7 со исправна батерија.
Но, спрема информациите кои ги објави The Next Web некои корисници во Јужна Кореја, откако го замениле, имаат повторно проблем со батеријата – овој пат не е во прашање експлозија или палење, но нивните телефони ја губат силата на батеријата и за време на полнењето се прегревааат. Еден корисник го оставил телефонот на полнење цела ноќ, но батеријата не се наполнила повеќе од 10%. Неговиот уред го тестирале и новинари на јужнокорејската ТВ станица YTN и процентот на батеријата паднал за 26% за само 39 минути.
За среќа, вакви проблеми пријавиле мал број на корисници, а не е познато колку корисници го имаат, но од Samsung уверуваат дека тие немаат поврзаност со батеријата туку станува збор за изолирани случаеви поврзани со масовното производство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град