Момче од Велика Британија, оваа недела, беше осуден на 33 месеци казна затвор поради нелегално снимање, во кино во Walsall, на филмот “Брзи и бесни 6” и неговото ставање на интернет. Освен што го поставил филмот на пиратските страници (направени се 700.000 download), Philip Danks на својот профил на Facebook напишал дека продава копии на овој филм, а во сето ова му помагал, момчето од неговата сестра, Michael Bell кој на судењето поминал многу подобро бидејќи судијата му одредил казна од 120 часа добротворна работа.
Организацијата за заштита на авторски права, FACT, смета дека со снимањето и споделувањето на филмот, Danks му направил штета на дистрибутерот Universal Pictures од повеќе од еден милион фунти.
Судијата, кој го осудил на затворска казна, напоменал дека за време на судењето Danks се однесувал безобразно и арогантно, а тоа не му помогнало за време на одредувањето на казната.
Детективот Rod Rose од полициската станица во West Midlands рекол, за BBC, дека полицијата соработувала со FACT и по собирањето на доказите побарале налог за пребарување на станот на Danks и негово приведување.
Посебно е интересно дека Danks откако е уапсен продолжил со нелегално споделување на филмови, а полицијата успеала да го следи благодарение на неговото корисничко име “TheCod3” со кое оставил коментар на една позната пиратска страница. Имено, тој истото име го користел и на страницата за поврзување Plenty of Fish така што на полицијата не им било тешко да го откријат идентитетот на лицето зад ова корисничко име.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град