Ако сакате да живеете во потполно мирна земја, изборот е слаб

Ова се најмирољубиви земји во светот според институтот за мир и економија

 |  инфодеск  | 

Покрај кризата во Газа, растот на исламистичките милитанти во Ирак и Сирија и случувањата во Украина, понекогаш се има впечаток дека цел свет војува, пишува The Independent. Институтот за економија и мир спровел студија која покажала дека од 162 опфатени земји, само 11 не се вклучени во спор од било која природа. Уште полошо е тоа што од 2007 година во светот станува сѐ полошо на таа тема.

Постојат земји кои не се вклучени во меѓународни конфликти, но ги разоруваат интерните конфликти. Од друга страна Велика Британија е пример кој релативно е слободна од внатрешни конфликти, но вклучувањето во војни како онаа во Авганистан ја смести на прилично лошото 47 место на глобалниот индекс за мир.

Пред оние кои сакаат да живеат во потполно мирна земја, изборот е слаб – само 11 земји постигнале најниски резултати за сите видови на конфликти, а тоа се Швајцарија, Јапонија, Катар, Маврициус, Уругвај, Чиле, Боцвана, Костарика, Панама и Бразил. Така тврди студијата IEP институтот, со нагласок дека ниту тие земји не се во потполност изземени од проблеми кои би можеле да доведат до конфликт.

Имено, во Бразил и Костарика нивото на внатрешни конфликти можеби е најниско, но загрижувачки се високото ниво на пристап до оружје на цивилите и веројатноста од насилни демонстрации. Швајцарија веќе е позната по избегнување на надворешни конфликти и има многу ниско ниво на внатрешни проблеми од било кој вид, меѓутоа голем број на поени во вкупниот индекс губи поради огромната стапка на извоз на оружје.

Директорката на IEP, Камила Шипа за весникот The Independent објаснила дека големата економска криза и Арапската пролет го зголемиле ризикот за влегување во конфликти. Додала дека “во последната година забележан е пораст на терористичките активности, повторно се појави конфликтот во Газа, а сеуште нема решение за кризите во Сирија и Ирак. Тука е и Украина во која граѓанските немири се претворија во вооружени судири. Дошло до зголемување на нeмирите и во Јужен Судан и ДР Конго”.

Сирија го замени Авганистан на непопуларното прво место за најнемирна земја на светот, а Македонија се наоѓа на 87 место од 162 земји.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top