САД ја укинаа забраната на „BP”

Забраната беше на снага од 2010 година

 |  инфодеск  | 

Забраната за склопување договори, која беше на снага од 2010 година, со британската компанија British Petroleum (BP) е укината. Забраната беше воведена по експлозијата на нафтена платформа во Мексиканскиот залив каде загинаа 11 лица и дојде до најголемото излевање на нафта во американската историја.

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕРА) соопштила дека ВР се согласил на „Безбедносни и етички подобрувања“ во замена за укинување на забраната за негови учества на федералните тендери, пренесува Frans Press.

Петгодишниот договор со ЕРА ќе му овозможи на ВР да продолжи со нови истражувања на нафта во длабоките води на Мексиканскиот залив, во кои и понатаму се видливи трагите од излевањето во 2010 година.

„По долготрајни преговори, ВР со задоволство известува дека постигнал договор, за кој веруваме дека е праведен и разумен“, изјавил директорот и претседателот на ВР за операции во САД, Џон Минџ.

Спрема најновиот договор, ВР ќе мора да ги прошири своите напори во областа на корпоративната етика, да воведе детален кодекс на однесување и да исполни одредени барања на EPA.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top