Соединетеите Американски Држави ги шпиунирале последните тројца француски претседатели помеѓу 2006 и 2012 година, Жак Ширак, Николас Саркози и Франсоа Оланд, произлегува од документите на основачот на Викиликс, кој во вторник ги објави весникот Liberation и интернет страницата Mediapart.
Документите се означени како најголема тајна, а се состојат од пет извештаи на NSA темелени на комуникациите и биле наменети за американската разузнувачка заедница, пишува Liberation.
Најсвежиот објавен документ е со датум 22 мај 2012 година, неколку дена пред стапување на должност на Франсоа Оланд и говори за тајните состаноци за евентуално излегување на Грција од еврозоната.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град