Проруски трупи утрово го завзеле терминалот за траекти во градот Керч, најисточната точка на Крим, од каде тргнуваат голем број на треакти кон Русија.
Превземањето на тој терминал во Керч, околу 20 км. oддалечен по морски пат од Русија, ги поттикна стравувањата дека Москва планира да доведе додатни воени сили во овој стратешки важен регион, додека Западот ги разгледува можните реакции на тие руски потези, пренесува AP.
Трупите за кои званичен Киев наведува дека се состојат од руски војници кои досега ги имаат завземено аеродромите на Крим, и ја уништиле опремата во една воздухопловна база на тоа полуострово, потсетува АР.
„Денес мнозинството на украинските вооружени сили распоредени на Крим преминале на страната на проруската власт. Транзицијата била апсолутно мирна, без еден испукан куршум било од војската или силите за самоодбрана“, рекол неименуван извор а го пренесува Rusia today. Истиот извор рекол дека некои војници пребегнале додека некои поднеле напишани оставки. Локалната војска не примила плата со месеци, наведува истиот извор.
Истовремено, потпаролот на украинската гранична патрола рекол, а пренесува Roiters, дека руски бродови доаѓаат и одат од пристаништето во Севастопол, како и дека руските власти го имаат блокирано мобилниот сигнал на одредени места по границата.
Командантот на украинската морнарица Денис Березовски преминал на страната на проруските власти на Крим, а во обраќањето на ТВ од седиштето на руската црноморска флота се заколнал на верност на народот на Крим, пренесува АР. Избран е за командант на новоформираната воена морнарица на Крим.
Поради заострување на ситуацијата на украинскиот полуостров Крим, во Киев ќе допатува државниот секретар на САД, Џон Кери. Како што јавува Frans Press, Кери во посета доаѓа како би дал поддршка на новата преодна власт во Украина.
Кериевата посета доаѓа во момент кога САД и другите западни земји бараат одговор на руското воено напредување во Украина.
Кери најавува можност за економски санкции и неиздавање визи, замрзнување на руски средства и трговски и инвестициски ограничувања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град