Руската групација со седиште во Луксембург, во сопственост на рускиот олигарх Михаил Фридман, ја купи германската гасна и нафтена компанија RWE Dea AG за 5,1 милијарди евра, пренесува AJB.
Германската компанија е една од петте водечки на подрачјето на енергетика и електрична енергија која снабдува 20 милиони корисници, а со гас околу 10 милиони.
Велика Британија е загрижена поради оваа трговија, пренесуваат агенциите, потсетувајќи дека Лондон се обидел да ја спречи продажбата.
Британските власти се загрижени поради фактот дека RWE продава нафта и гас во Германија, Велика Британија, Данска и Египет, а сега е во сопственост на руска групација.
Продажбата ја потврдила и самата компанија RWE и покрај противењето на Британија.
Фридман најавил дека ќе ја тужи британската влада поради обидот да ја спречи оваа трансакција, пренесува Financial Times. Сепак тој не го криел задоволството со завршената работа.
“Нашата амбиција е да се развиваме и да растеме. Уверени сме дека моменталното макроекономско опкружување и ниската цена на нафтата ни даваат шанса да ги отствариме амбициите”, рекол Фридман.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град