Русите ги раскараа Црногорците

Публиката дала 12 поени а жирито ги игнорирало

 |  инфодеск  | 

Жирито од политички причини не и дало на Русија ниту еден поен, тврди пратеникот на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ.

Тој го обвини црногорското жири дека ги наместило разултатите од гласањето за Евросонг. Радуновиќ повикувајќи се на официјалната интернет страница на Евросонг соопштил дека од политички причини, на песната на Русија, не и бил даден ниеден поен, без оглед на гласањето на гледачите од Црна Гора.

На интернет страницата eurovision.tv потполно транспарентно е прикажан процесот на гласање. Русија добила најмногу гласови од црногорската публика, но жирито успеало да ги корегира гледачите за да не се брука DPS пред пријателите“, напишал Радуновиќ.

Спрема правилата на Евросонг, гледачите и стручното жири одлучуваат за гласовите на секоја поединечна држава.

Навистина не мислев да се занимавам со Евросонг утрово. Претходната вечер ниту ги одгледав сите песни. Сергеј го гледав, беше одличен. Но, како совесен колку, во ова општество, е се политички контролирано, се посомневав веднаш во резултатите кои ги слушнавме од подгоричкото жири. И не требаше многу да барам. На официјалната интернет страница eurovision.tv транспарентно е прикажан комплетниот процес на гласање (уште една причина да и се восхитуваме на Европа), вели Радуновиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top