Русија планира да забрани увоз на бурбон, виски кој се произведува во САД, бидејќи пронашла “опасни супстанци” во составот на тој алкохолен пијалок.
“Во бурбонот се пронајдени опасни супстанци, кои можат да предизвикаат органски и функционални промени во централниот и периферниот нервен систем, како и рак и неплодност кај мажите и жените”, се наведува во соопштението на руската санитарна агенција Роселхознадзор.
Американската дестилерија Barton, основана во 1792 година, која произведува Kentacky Burbon Whiskey, ги прекршила “техничките стандарди” на царинската унија во која се Русија, Белорусија и Казахстан, додала руската санитарна агенција.
Роселхознадзор најавил истрага за тоа прашање, чии резултати можат да доведат до забрана на американското виски.
Исто така, руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор не ја исклучува можноста за потполна забрана на увоз на говедско месо од САД.
За испорака на производи од говедско месо, во Русија има 99 акредитирани компании, наведува Itar-tas.
Русија е често обвинувана дека користи трговско оружје и санитарни проблеми , како средство на дипломатски притисок кон соседите.
Од моментот кога се заострени санкциите кон Русија поради украинската криза, Русија секојдневно најавува забрана на увоз на нови прехранбени производи со изговор дека сака да ги заштити своите потрошувачи, а Москва побарала од судот и забрана на некои производи на американскиот ланец за брза храна Мекдоналдс, наведувајќи дека причина е “кршење на безбедносните стандарди”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град