Русија без милост

Зголемена цената на гасот од Русија

 |  инфодеск  | 

Русија денес објавила дека гасот на Украина, од април, ќе и го продава по цена од 485 долари за 1000 кубни метри, што е една од најголемите цени за европските земји.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјавил денес дека го укинал последниот попуст на цената на гасот која Москва и го гарантираше на Украина, па 1000 кубни метри на гас ќе чини 100 долари повеќе отколку досега.

Најава за поскап гас дошла по разговорите на шефот на рускиот Гаспром, Алексеј Милер, и шефот на украинската компанија за гас Андреј Кобољев, околу долгот на украинскиот Нафтогас од 2,2 милијарди долари за испорачан гас до април месец.

Клучно прашање на таа средба било да се донесат итни мерки за плаќање на тој долг на Нафтогас, пренесува Итар Тас.

Во соопштението на Гаспром се наведува дека се загрижени за намалувањето на залихите во подземните складишта во Украина. Милер укажал за неопходноста од полнење на тие складишта заради исполнување на обврските на Нафтогас да обезбедува континуиран транспорт на руски гас кон Европа.

Порано Гаспром има утврдено дека количините во подземните складишта треба да бидат 19 милијарди кубни метри гас, за да се задоволат потребите за континуиран транзит на гасот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top