Роналдо ќе добие 20 милиони евра за неработење!

Ако некој ви плати за да не работите тоа е работа од соништата

 |  инфодеск  | 

Кристијано Роналдо навистина има среќа кога се однесува на работата, освен што е еден од најдобрите фудбалери во светот, тој е и одличен бизнисмен.

Линијата на неговата долна облека се продава лудо, а тоа се однесува и на сѐ друго каде тој ќе го стави својот потпис.

Сепак, се чини дека славниот фудбалер ја склучи најдобрата работа досега. Ќе му платат 20 милиони евра само да не работи. Да, звучи неверојатно, но токму тоа се случува.

Роналдо не ја добил улогата во новиот филм на Мартин Скорсезе, “Манипулатор”, иако улогата му ја понудил токму режисерот. Дејствието во филмот се врти околу животот на милионерот Алесандро Порто и филмот ќе биде сниман во луксузниот апартман во Њујорк кој неодамна Роналдо го купил за “бедни” 17 милиони евра, а најинтересно е тоа дека апартманот го купил токму од Порто.

Проблемот настанал бидејќи Порто не сака во филмот Роналдо да го игра него. “Роналдо е голем фудбалер, но не е крал на светот и не сакам тој да ме игра во филмот, а со тоа се сложил и Скорсезе кога подобро размислил”, изјавил Порто.

Без оглед на тоа, Роналдо ќе ги добие своите 20 милиони евра бидејќи останал без улога, а како што рекол Алесандро Порто тој сам ќе го исплати ако биде потрбно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top