Романија на нозе против корумпираните политичари

Најголеми протести од падот на комунизмот во 1989 година

 |  инфодеск  | 

 

Меѓу 200 и 300 илјади демонстранти, според медиумски проценки, излегоа на улиците во повеќе романски градови извикувајќи „Крадци“ и „Оставки!“, еден ден откако владата со декрет ги смени законите.

Во главниот град Букурешт, дел од демонстрантите се судрија со полицијата фрлајќи камења, шишиња и пиротехника, на што беше одговорено со солзавец. Повеќе полицајци и демонстранти биле полесно повредени.

Масовни протести се одржаа и во Темишвар, лулката на револуцијата од 1989 година.

Во владиниот декрет донесен во вторникот, беа декриминализирани некои корупциски прекршоци, а злоупотребата на службената должност стана казнива со затвор само во случај на финансиска загуба поголема од 44 илјади евра.

Критичарите велат дека најголем профитер од измените ќе биде токму лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, кому му се суди за злоупотреба на должноста, како и на неколку други левичарски политичари. На Драгнеа веќе му е забрането вршење јавна функција поради двегодишната условна затворска казна за изборна измама.

Аналитичарите велат дека тоа се најголеми протести од падот на комунизмот во 1989 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top