Револуционерно решение за бричењето

На Kickstarter се собрани 4 милиони долари за овој производ

 |  инфодеск  | 

Бричењето знае да биде болно со сечењето или иритирањто на кожата, но двајца Швеѓани се сетиле за револуционерно решение кое на пазарот ќе се најде до март 2016 година.

Тие имаат производ за кои веруваат дека во многу ќе го олесни бричењето и ќе ги намали компликациите кои се поврзани за таа активност. Смислиле брич кој не бричи со ножеви туку со ласер, а го нарекле Skarp Razor.

Луѓето на Kickstarter полуделе по ласерскиот брич. Иако првобитната цел на кампањата била собирање на 160.000 долари, осум дена пред истекот на кампањата Швеѓаните за својот проект собрале 3,9 милиони долари.

Оваа доверба може да се објасни и со податокот дека еден од авторите на проектот, Morgan Gustavsson веќе имал измислено ласер кој се користи во салоните за професионално отстранување на влакна. Но, тој ласер има ограничувања така што може да идентификува и отстранува само темни влакна и не е прикладен за користење на светли или седи влакна.

Gustavsson цело време сакал да го реши овој проблем и сега заедно со партнерот Paul Binuno, тоа му успеало.

Како што пишуваат медиумите Skarp Razor на пазарот треба да се појави до март 2016 година и ќе чини 159 долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top