Секој производител на паметни телефони се обидува да пронајде ултимативно решение и во новиот модел да вгради подобра, поквалитетна и поиздржлива батерија, но без оглед на тоа проблемот со празнењето на батеријата останува и понатаму.
Досега се појавија приличен број, што подобри што полоши, идеи кој во иднина би можеле да ја анулираат фрустрацијата на брзо празнење на батеријата на смарт телефонот, и воглавно се работи за полначи на батеријата.
Проектот кој го претстави дизајнерот Tsing Chin-Hsien би можел да го освои пазарот од повеќе причини и тоа: едноставен е за користење, секогаш можете да го имате со себе и еколошки е прифатлив, што во денешно време е многу важна ставка.
Малата направа е наречена “mini power” и не станува збор за класичен полнач на батеријата, туку е резервоар кој во себе има акумулирана енергија за два, четири или шест часа нормална работа со смарт телефонот. Притоа станува збор за биоразградлив материјал кој нема пластика или сличен материјал кој би бил штетен за околината.
За овој концепт Hsien ја доби престижната награда Red Dot Award, која ќе му осигура интерес на јавноста но и потенцијални вложувачи.
Сеуште станува збор за идеен проект и не е објавено кога, по кои цени и за кои мобилни апарати ќе биде наменет овој мал додатен резервоар на енергија со кои ќе се спасиме од празна батерија во моменти кога телефонот нѝ е потребен а не сме во можност истиот да го наполниме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град