Тим на руски експерти во четвртокот го започна истражувањето на големата дупка во земјата која ненадејно се отвори во најизолираниот дел на северот од Русија.
Станува збор за пречник од околу стотина метри кој се појави на полуостровот Jamal во северен Сибир, чие име, на јазикот на локалното население, значи “крај на светот”.
Руските научници по прибирањето на информации откриле дека отворот го предизвикал растот на температурата, а не е метеор, како што првобитно се нагаѓало.
Една од членовите на тимот, Anna Kurchatova, смета дека кратерот го направила мешавина од вода, сол и гас, кои предизвикал подземна експлозија, а додава и дека станува збор за последица од глобално затоплување кое го предизвикало алармантното топење на мразот кој се наоѓа под површината.
За потсетување, Jamal е едно од најголемите руски наоѓалишта на гас, а дупката се отвори во близина на гасното поле Бованентски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град