Renault повлекува повеќе од 10.000 е-автомобили

Возилата кои ќе се проверуваат се произведени во период од 2012 до октомври 2014

 |  инфодеск  | 

Францускиот производител на автомобили објави повлекување на преку 10.000 електрични возила поради опасноста од пукање на цревото за течност на сопирачките. Возилата кои се вклучени за повлекување, 10.649, се произведени во периодот кога се пуштени во производство во 2012 до октомври 2014 година во фабриката на Renault во Flins во близината на Париз.

Во оваа фабрика до сега се произведени 42.300 електрични автомобили на моделот Zoe. Од Renault соопштиле дека сакаат превентивно да ги прегледаат позициите и состојбата на поедини црева за сопирачките и да ги заменат доколку за тоа се покаже потреба. Тие додаваат дека до сега намаат дојави за несреќи предизвикани од овој проблем.

Имено, Франција е европски рекордер по бројот на електрични возила.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top