Британски археолог тврди дека открил место на кое се наоѓаат реликти кои би можеле да го засенат и она откриеното во гробницата на Тутанкамон.
John Romer, 72 годишен британски археолог, верува дека на подрачјето на египетскиот Luxor, се наоѓаат гробници на три високи свештеници Herihor, Piankha и Menkheperr, пишува Business Standard.
Тој тврди дека има докази дека задгробното богатство земено од блиската долина, тука е оставено како би било сигурно.
Досега единствен кој работел на овие ископини на подрачјето на долината Wadi el Gharbi е Howard Carter. Тој работел само две недели во 1916 година, а тука го пронашол варовникот, идентичен на оној кој се наоѓал во кралските гробници.
“Herihor најверојатно е закопан во ковчег од злато, како и Тутанкамон 200 години пред тоа. Веројатно овде постојат и златни статуи и престоли“, рекол Romer, кој за почеток на работите на наоѓалиштето му треба дозвола од египетските власти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град