Во регионов ќе се гради најдолгата жичара во светот

Во зависност од временските услови градбата ќе трае од 10 до 12 месеци

 |  инфодеск  | 

Во четвртокот е распишан меѓународен тендер за изградба на жичара во Црна Гора од Котор преку Ловќен до Цетиње, која со 14,7 километри би била најдолга на светот, рекол за новинарите градоначалникот на Цетиње Александар Богдановиќ.

“Понудите за претквалификација се доставуваат до 5 октомври. По одбирањето на концесионерот и издавањето на градежна дозвола, градбата на жичарата, во зависност од временските услови, ќе трае од 10 до 12 месеци”, рекол Богдановиќ.

Возењето Котор-Ловќен-Цетиње ќе трае 43 минути.

“Се уверивме дека постои интерес на потенцијални инвеститори, а посебно бевме охрабрени што помеѓу нив има компании кои се препознатливи како најдобри во изградбата на жичари. Од тие причини, се надевам дека овој тендер ќе биде успешно завршен со што би се валоризирал значителен потенцијал, а за регионот единствена туристичка врска на националниот парк Ловќен со приморјето”, рекол Богдановиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top