Референдум за самостојност во септември

Шкотска нема да биде странска земја

 |  инфодеск  | 

Лидерот на Шкотска, Алекс Салмонд, кој се залага за независност на таа британска област изјавил дека Шкотска нема да биде странска земја за Англија, и тврди дека британскиот министер за финансии Џорџ Озборн направил „голема грешка“ кога рекол дека Шкотска не би можела да ја задржи фунтата како валута по стекнувањето на независност.

Премиерот Алекс Салмонд рекол дека Шкотска и остатокот на британските острови се неразделно поврзани.

Шкотланѓаните ќе гласаат за независност на 18-ти септември, наведува АР.

Салмонд вели дека изгласувањето независност ќе значи Шкотска да има свои пасоши, даноци и поправедна социјална политика, но тој би сакал да ја задржат британската фунта, монархијата и членството во ЕУ.

„Кога Шкотска ќе стане независна, нема да биде странска земја, исто како што не се ни Ирска, Северна Ирска, Англија или Велс , странски земји за Шкотска“ рекол тој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top