Моментално немаат пропишана минимална плата, но 90% од работниците во Швајцарија веќе земаат повеќе од 4000 франци месечно.
Швајцарските избирачи излегуваат на референдум на 18 мај на кој ќе гласаат за минимална плата од 22 франци на час, односно 4000 франци месечно, и така би можеле да станат земја која е на прво место во светот по висината на минималната плата.
Заговорниците за воведување на минимална плата сметаат дека оваа мерка ќе помогне на работниците бидејќи трошоците на животот во Швајцарија се големи.
Иако во Швајцарија има големи компании како Нестле или Новартис, кои се против воведувањето на оваа мерка, две тртини од работниците работат во мали или средни претпријатија.
Просечно домаќинство од два члена за даноци, социјално и здравствено осигурување одвојува 2643 франци месечно, а на секојдневни потреби, односно храна, станарина, облека и превоз троши 5498 франци.
Стапката на невработеност во оваа земја, спрема критериумите на меѓународната организација за работа, изнесува 4,1%.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град