Реакција на Доналд Трамп за масакрот на Флорида

Трамп изјави дека е задоволен дека бил во право за исламската радикализација

 |  инфодеск  | 

Милијардерот Доналд Трамп и кандидат за претседател на САД, кој се залага за забрана на влез на американска територија за сите муслимани, се заблагодарил на Твитер на луѓето кои му честитале дека бил во право за радикалниот исламски тероризам.

“Но, не сакам честитки, сакам внимателност и строгост. Мораме да бидеме паметни”, истакнал Трамп.

Тој, исто така, ја нападна својата сопарничка од демократската партија, Хилари Клинтон поради нејзините изјави во кои злосторството го нарекла “терористички чин” и рекла дека САД мора да ги “удвои” напорите да ги заштити своите граѓани во земјата и надвор од неа.

“Ако Хилари Клинтон по ваков напад сѐ уште не може да изговори два збора, “радикален исламизам”, би требало да се повлече од трката за претседателски кандидат”, рекол Трамп.

Властите официјално не го потврдиле идентитетот на убиецот кој медиумите го претставија како Омар Матин (29), американски државјанин со авганистанско потекло со адреса на Флорида.

Полицијата отвори истрага за тероризам. Спрема CNN и NBC, убиецот изразил верност на Исламската држава при повикот кон итната служба 911.

AMAQ, новинската агенција поврзана со џихадистите на Исламска држава, исто така, тврди дека убиецот е борец на Исламска држава.

Матин, кој во геј клуб во Орландо уби 50 и рани 53 лица, делувал сам и застрелан е при престрелката со полицијата, известиле властите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top