Новиот вид на интернет технологијата под името Li-Fi го развил естонскиот start-up Velmenni врз основа на идејата на шкотскиот професор Harald Haas и моментално се тестира во нивните канцеларии.
Li-Fi праќа податоци со брзина од дури 1 GBps, што е 100 пати побрзо од повеќето постоечки Wi-Fi врски. Благодарение на ваквата брзина, музиката, HD филмовите па и видео игрите ќе можат да се превземаат за неколку секунди.
Оваа врска користи VLC (Visible Light Communication) технологија за пренос на податоци, но има големо ограничување – бидејќи се служи со LED светлина, не поминува низ ѕидови. Од друга страна тој недостаток ја чини побезбедна и помалку подложна на хакерски упади.
Li-Fi во 2011 ја осмислил професорот од Универзитетот во Единбург, Harald Hass, но ова е прв пат да е испробана во реално опкружување.
Deepak Solanki , извршниот директор на Velmenni вели дека технологијата на потрошувачите би можела да им биде достапна за три до четири години, што значи дека LED светилките освен за осветлување на просторот ќе можат да помогнат и во креирање на интернет мрежа на која ќе се спојуваат сите уреди во станот или куќата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град