Овие растенија можете да ги посадите покрај патека, околу куќа и тераса, или во саксии, па можете да ги преместувате каде што сакате.
Лаванда
Овој прекрасен цвет може да се употреби на многу начини и секако треба да има заслужно место во вашиот двор и во саксиите. Ако не поради убавиот мирис и изглед, тогаш поради комарците. Мирисот на лаванда ги одбива овие натрапници и пожелно е да ги посадите близу до влезната врата или да чувате саксија со лаванда близу до влезот или до прозорецот.
Индиска цитронела
Таа е една од најефикасните против комарците. Расте како грмушка со тесни и долги листови. Припаѓа на лимонски треви, а маслото од ова растение се користи за ставање во свеќи кои се прават наменски против комарци.
Мента
Добро е да се посади по малку низ цела должина во дворот и ќе се одбраните од глувци, стаорци, мрави, комарци, муви…
Босилек
Ефикасен е против муви, но и против комарци, чии листови често ги користиме и во кујната. Може да се посади во саксии и добро да се распоредат на терасите и близу до влезната врата. Постојат повеќе видови на босилек, но сите се делотворни кога е во прашање борба против мувите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град