Расте побарувачката на производите на NIKE

Подобри резултати од очекуваните благодарение на Светското првенство

 |  инфодеск  | 

Американскиот производител на спортска опрема NIKE отстварил подобар квартален резултат од очекуваниот со растот на побарувачката во Северна Америка и Западна Европа.

Растот на побарувачката на двата главни пазари е предизвикан со интензивниот маркетинг по повод Светското првенство во фудбал во Бразил.

Како што е соопштено, нето профитот во четвртиот квартал на фискалната година, завршен на 31 мај, достигнал износ од 698 милиони долари, со раст од 13% на годишно ниво, или 78 центи по акција, додека во истиот период лани износот бил 690 милиони долари.

Приходите од продажбата во разгледуваниот квартал изнесувале 7,43 милијарди долари, со раст од 13% на годишно ниво, додека аналитичарите предвидувале 75 центи по акција и 7,34 милијарди долари, пренесува Reuters.

Во соопштението се додава дека компанијата на домашниот пазар претрпела сериозен притисок од главниот конкурент, германската компанија Adidas. Според податоците на Евромонитор, NIKE минатата година во Западна Европа имал пазарен удел од 12%, додека учеството на Adidas било 12,6%, по 13,2% во 2012 година.

Нарачките на спортска опрема и обувки за периодот јуни-ноември 2014 година се зголемиле за 12% глобално а во Западна Европа за 25% во тек на разгледуваниот квартал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top