Радар кој открива употреба на мобилен телефон за време на возење

Бројни возачи и понатаму неодговорно користат мобилни телефони додека се зад воланот

 |  инфодеск  | 

Пишувањето и праќањето пораки за време на возење, како и телефонирањето без “hands-free” опрема, освен што е со закон забрането и казниво, е изнимно опасно и може да заврши со трагични последици. И покрај бројни сообраќајни несреќи и страдања предизвикани со праќање на пораки и разговори на мобилен за време на возењето, бројни возачи и понатаму се однесуваат неодговорно и ги користат мобилните телефони додека се зад воланот. Полицијата досега ги казнуваше неодговорните возачи само во моментите кога успеваше да ги види во разговор или праќање на СМС, но во иднина работата би можела да им ја олесни радарот за мобилни телефони.

Американската компанија ComSonics од Вирџинија изумила уред кој наликува на класичниот полициски радар за очитување брзина, само што овој уред ја отчитува фреквенцијата на пратените пораки, преносот на податоци и разговорот на мобилен телефон.

Радарот за мобилни телефони кој се нарекува Sniffer Sleuth II може, тврдат производителите, точно да вчита дали лицето зад воланот разговарало или пишувало порака на мобилниот телефон. Уредот е понуден за тестирање на американската полиција, а за пуштање на пазарот ќе мора да помине уште некои проверки и ускладување со законите за да не се наруши приватноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top