Американецот James Robertson (56) од Детроит, кој се најде во средиштето на вниманието на американските и светски медиуми со тоа што секој ден до работното место и назад пешачи по 33 километри, наскоро благодарение на акцијата на доброчинители, ќе може да си дозволи не еден автмобил туку цел возен парк.
Импресиониран со работната етика на Robertson, кој и покрај секојдневното одење никогаш не задоцнил на работа, студентот Evan Leedy (19) покренал интернет фондација со цел да се соберат доволно пари за да може Robertson да купи автомобил.
За само неколку дена во фондацијата, благодарение на бројни поединечни донации, се собрале 200 илјади долари. Целта на Leedy била да собере 5.000 долари за да може Robertson да набави било какво возило кое ќе му послужи за превоз до работа, но одговорот на неговата молба бил огромен.
“Ова е Детроит, такви се луѓето во Детроит. Велат дека Лос Анѓелес е град на ангелите. Погрешно. Детроит е вистинскиот град на ангелите. Вечно ќе ви бидам должник”, рекол Robertson за локалните медиуми.
Robertson е без автомобил од 1988 година, бидејќи не можел да си дозволи купување и одржување на нов. На постоечкото работно место оди од 2005 година и никогаш ниту отсуствувал ниту задоцнил на работа. Работи во фабрика од 14 до 22 часа и заработува 10 долари на час.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град