Експертот за безбедност Andy O’Donnell на about.com, дал неколку совети за тоа што не е добро да се открива на социјалните мрежи.
–Датум на раѓање – Знаејќи го овој и уште 3-4 податоци лесно може да ви се случи некој да го превземе вашиот идентитет. Доколку не сте опседнати со тоа луѓето да ви го честитаат роденденот, изоставете ја барем годината на раѓање и така ќе им ја отежните работата на крадливците на идентитет.
–Домашна адреса – Со објавување на овој податок, превземате голем ризик. Во случај да објавите и кога сте на годишен одмор, арамиите нема да се двоумат да провалат во вашиот дом. Не се потпирајте на опцијата “само пријатели”.
–Вашиот вистински број на телефон – И овој податок може да ја открие вашата локација.
–Статус на врска – Не сакате да знаете на какви начини можат некои луѓе спрема овој податок да го пребаруваат “Facebook Graph Search”.
–Информации поврзани со работата – Доколку објавите каде работите или пак некоја друга информација околу работата, конкуренцијата би можела да ве предухитри и проектот да го заврши пред вас. Доколку објавите нешто на профилот а воедно се прикажува и логото на компанијата, би можело на вашиот претпоставен тоа да не му се допадне па да сносите последици.
Во секој случај не е наодмет да си го проверите вашиот Facebook privacy settings за да се уверите дали мрежата нешто променила а со тоа и вашите приватни поставки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град