Ветувале работа преку оглас

Се барале работници од разни струки

 |  инфодеск  | 

Полицијата објаснува дека во петокот дошла до сознанија дека одредени луѓе доведуваат во заблуда граѓани на Република српска и БиХ, барајќи им да уплатат пари на лажна фирма која наводно посредува за вработување во странство.

Бањалучката полиција е во потрага по измамниците кои преку интернет огласи измамила поголем број на граѓани во БиХ и Република Српска.

„Овие измамници по пат на огласи бараат работници од различни профили, од градежна и машинска струка, работници за работа во шума и слично. Од граѓаните бараат да уплатат одредена сума на пари по пат на WesternUnion или парите да ги стават во плико заедно со фотографии и да ги предадат на возачот на некои автобуски превозници. Потоа чим ги добијат парите го прекинуваат секој контакт со оштетените“ објаснува началникот на полицијата на Бања Лука Младен Мариќ.

Тој ги повикал оштетените кои биле жртви на вакви или слични измами да поднесат пријави во најблиската полициска станица.

Аида Старчевиќ, потпарол на порталот за огласи Pik.ba, нагласува дека во изминатиот период примиле повеќе барања од полицијата за проверка на одредени корисници кои имаат налог на тој портал.

„секогаш ги предупредуваме нашите корисници да обрнат големо внимание на профилите кои не се верифицирани кај нас, односно за тие кои немаме доволно податоци за корисниците. Исто така ги предупредуваме нашите корисници, да не плаќаат однапред, но за жал тие работи се случуваат“ вели Старчевиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top