Достапен од понеделник до недела, како дење така и навечер, себеси се претставува како сериозен, организиран, стрплив и љубезен професионалец. 42-годишниот Џовани Кафаро од Милано, кој од неодамна останал без работа, му дошла идеја како да ги реши своите материјални проблеми. „Иако сум пратил повеќе од 500 CV-а, не излезе ниедна интересна понуда за работа“- вели овој човек кој 12 години работел како директор на маркетинг во фабрика за текстил. „ Еден ден додека чекав во ред за да извршам една административна обврска, ми дојде спасоносната идеја“, ја раскажал својата приказна Кафаро на весникот La Stampa, кој неговата приказна ја објавил на насловната страна под наслов „Стрплив човек“.
Почнал професионално да се занимава со чекање во ред а услугата ја наплаќал десет евра на сат. Своите услуги ги проширил, па така на своите клиенти сега им нуди наместо нив да оди да купува, да врши административни работи по шалтери или да ги вози со кола.
Ако оди се по планот како што вели Кафаро, наскоро планира да отвори агенција и да вработи уште луѓе кои би ја работеле истата работа бидејќи како што вели имал повици од цела територија на Италија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град