Путин ги прекинал сите дипломатски односи со САД

Во пракса ова значи дека Путин не разговара повеќе со Обама

 |  инфодеск  | 

Владимир Путин, претседателот на Руската федерација, ги прекинал сите дипломатски односи со Белата куќа, пишува амерканскиот портал The Daily Beast, повикувајќи се на извори блиски до врвот на руската администрација.

Ова во пракса значи дека Путин не разговара повеќе со Обама.

Овој американски портал истакнува дека ова значи дека односите на Кремљ со Белата куќа на највисоко ниво се потполно прекинати и практично не постојат.

Владимир Путин оваа одлука ја донел по засилениот притисок и засилувањето на санкциите на западот спрема Русија, а Игор Јургенс, политичкиот аналитичар и близок соработник на Дмитри Медведев, вели за The Daily Beast дека тоа не е засекогаш, туку верува дека станува збор за привремена мерка и тактички потез на Кремљ спрема Белата куќа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top