Обраќајќи се на новинарите за време на посетата на Бразил, Путин рекол дека треба да ги види деталите од најновите санкции од страна на САД, за да го разбере нивниот обем и предупредил дека американските санкции ќе ги доведат односите во безизлезна ситуација., пренесува Reuters.
Тој исто така навел дека санкциите кои ги превзема САД ќе ги наруши и интересите на водечките американски компании во енергетскиот сектор бидејќи такви мерки обично имаат ефект на бумеранг.
Претходно агенциите јавија дека американскиот список на санкции е проширен со имиња на нови функционери и водечки руски компании и банки.
Така, на црната листа се нашле корпорациите “Алмаз-Антеј” и концернот “Калашников”, “Ижмаш”, “Базалт”, “Уралвагонзавод”, компаниите ”Новатек”, “Роснејфт”, “Вњешекономбанк”и “Гаспромбанк”, “Феодосијска нафтна компанија”, концернот за радиоелектронска технологија KRET, компанијата “Сазвездје”, пренесуваат руските медиуми.
На мета на овие мерки ќе се најдат “фирми или поединци кои активно пружаат финансиска или материјална поддршка на Русите кои носат одлуки и се одговорни за анексијата на Крим или за дестабилизацијата на источна Украина”, се наведува во соопштението, пренесува AFP.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град