Зошто Путин нема да се откаже од Украина

Тешко е да се замисли Путин да се откаже

 |  инфодеск  | 

Колку и да е ситуацијата во Украина избегана од контрола, тешко е да се замисли дека рускиот лидер Владимир Путин само така ќе и сврти грб на таа земја, пишува Blumberg.

Првата причина за тоа, како што пишува Blumberg, е гордоста. 2005 година Путин рекол дека падот на Советскиот Сојуз е најголема геополитичка катастрофа на 20 век. Од таа гледна точка, да се дозволи на Украина да излезе од руската орбита би значело дека и Путин не е ништо подобар од Горбачов, на кого во 1991 му се случи распаѓање на СССР, наведува Blumberg во своето интернет издание.

Втората причина е трговијата. Путин сакал Украина да се придружи на царинската унија со Русија, Белорусија, Казахстан и наскоро Ерменија, со која би било многу поголемо трговското блокирање на ЕУ, истакнува агенцијата, и потсетува дека протестите пред три месеци се токму затоа и започнати бидејќи Јанукович го сврти грбот кон ЕУ а го избра Путин.

Трета причина е историјата. Длабоки историски врски ги поврзуваат овие две земји, дури од златното доба од 11 и 12 век. Киевска Русија ја сметаат за почеток на руската државност и предок на Белорусија и Украина. Во поголемиот дел од историјата, до стекнување на независност во 1991 година, Украина не ни била држава, туку нејзини делови припаѓале на други држави. Во 2009 Путин рекол дека Украина е всушност „Мала Русија“. Малорусија е историски поим – своевремено во руската империја така се викале териториите од левата страна на Дњепар. Blumberg потсетува дека и полуостровот Крим бил дел од Русија до 1954 година, кога врховниот совет – за да ги зајакне братските врски – Крим му го доделил на советската република Украина, иако мнозинско население на тој простор се Руси. На Крим е седиштето на руската Црноморска флота, и ако новата украинска влада не сака повеќе соработка, тогаш Путин ќе биде принуден да го пресели седиштето на флотата од Севастопол во Новоросијск. Токму во декември Русија понудила поевтин гас за Украина, помеѓу останатото, во замена за поволен закуп на Севастопол.

Последната причина, но не помалку важна, е енергијата. Гасот кој Русија го продава во ЕУ во голем дел поминува низ Украина, а Путин би сакал гасоводот да остане во „пријателски раце“.Од тука произлегува потезот на Гаспром, кој го гради гасоводот Јужен тек, кој поминува низ Црно Море до Бугарија, да ја прескокне Украина, приметува Blumberg.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top