Стигнаа првите фотографии на освежената линија на Форд Фокус во hatchback и turnier верзија кои ќе бидат претставени на женевскиот саем за автомобили кој се отвора наскоро.
Беше прашање на време кога Форд и на градскиот hatchback ќе му стави нова Астон Мартин решетка. Постоечката генерација на Фокус влезе во трета година на производство, што значи време и прав момент за мали модификациии и разубавувања.
Освен новата решетка, на редизајнираниот преден дел се сместени нови светлосни склопови и нов браник. Промените на задниот дел не се толку воочливи иако светлосните склопови се чини дека се малку потанки и со изменета графика.
Промените се позабележителни во изгледот на внатрешноста на автомобилот, каде наоѓаме редизајниран гребен со помалу копчиња и прочистен изглед, додека менувачот е тотално нов. За очекување е дека на располагање ќе е сосем нов infotaintment состав, иако за подетални информации треба да се причекаат податоците од Форд.
Што се однесува на моторот, освежениот Фокус ќе се нуди со истите мотори како и постоечките модели, иако Форд планира да воведе и 1,5 литарски EcoBoost бензиски мотор и 1,5 литарски дизелаш. Треба да се напомене и дека постоечките мотори ќе бидат додатно унапредени во смисол на намалување на СО2 и подобрување во потрошувачката на гориво.
Сите податоци и технички спецификации ќе се дознаат на женевскиот саем за автомобили за неколку дена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град