Уште во 2006 година јапонската компанија Spread отвори внатрешна фарма која опслужува зелена салата во 2.000 дуќани на подрачјето на Токио, а сега работи на нов подобрен модел на фабрика за зеленчук, која за разлика од досегашната фарма, ќе биде потполно автоматизирана.
Имено, се прави фарма без земјоделци, односно фабрика за зеленчук во која работниците се заменети со роботи во сите фази на производството – роботите го садат семето, пресадуваат, го одгледуваат зеленчукот и на крајот плодовите ги пакуваат кои понатаму се праќаат во локалните дуќани.
Автоматизацијата на процесот на производство би ја зголемило производната моќ, па така новиот модел на фарма ќе може да произведе 30.000 парчиња зелена салата додека во традиционалната фарма, која одгледува зеленчук на иста површина, може да произведе 26.000 парчиња.
Производителите очекуваат дека овој облик на потполна автоматизација на внатрешна фарма ќе биде модел за производство на зеленчук ширум светот и истакнуваат неколку предности на овој концепт. Најнапред е предноста за заштита на човековата околина – ваква фарма троши помалку вода, а новата технологија овозможува рециклирање на 98% од употребената вода со што се намалува потрошувачката. Потоа, осветлувачкиот систем кој ќе се базира на обновлива енергија, а ќе се контролира и температурата, влажноста и степенот на јаглен диоксид оптимален за развој на растението.
Имајќи во предвид дека фабриката е од затворен тип не се потребни пестициди и хербициди, а климатските промени кои можат да резултираат со поплави и суши, овде немаат никакви влијанија и не го загрозуваат опстанокот на растенијата. Исто така, растенијата немаат допир од човечка рака со што се очекува поголем стандард за хигиената.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град