По прв пат најмоќниот суперкомпјутер во светот е кинески

Суперкомпјутерот е направен во целост од домашни делови

 |  инфодеск  | 

Најмоќниот суперкомпјутер во светот и во целост направен од домашни делови е кинески, се наведува во студијата која е објавена во понеделникот.

Ова е по прв пат Кина да го завземе првото место на табелата ТОП500, не користејќи воопшто американска технологија. Суперкомпјутерот Sunway TainLight е двојно побрз од поранешниот најбрз компјутер кој користел чипови на американската компанија Intel.

По прв пат од воведувањето на табелата ТОП500 (www.top500.org) Кина има повеќе суперкомпјутери (167) од САД (165) која два пати годишно ја објавуваат научници на националната лабораторија Lawrence Berkeley и универзитетот во Тенеси во САД.

Sunway TaihuLight е во кинескиот град Wuxiju и ќе се користи за изработка на модели за истражување на климата.

Од 10 најбрзи суперкомпјутери во светот два се кинески, а четири се во САД, додека останатите се во Јапонија, Швајцарија и Саудиска Арабија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top