Протестите се покажаа како успешни

“Ништо не може да се воведе во сегашните околности”

 |  инфодеск  | 

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан се откажа од планот за воведување на данок за интернет во неговата сегашна верзија и по протестите на илјадници луѓе ветил дека ќе спроведе “национални консултации” во февруари.

Протестите го оневозможија воведувањето на данок, рекол Орбан за националното радио. “Данок на интернет не може да се воведе во сегашната верзија…Ништо не може да се воведе во сегашните околности”, рекол тој.

Конзервативната влада на Орбан сакаше да воведе данок за превземање на податоци од интернет во висина од 0,5 евра за 1GB. Европската комисија остро го критикуваше тој предлог, а неговите противници рекоа дека со тоа се сака да се ограничат темелите на слободата.

Планот за воведување на данок за интернет ги предизвика најголемите протести против владата на Орбан откако се врати на власт во 2010 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top