Протест , “Борба за правда”

Протест против насилство во општеството

 |  инфодеск  | 

Стотина луѓе се собрале денес во центарот на Белград, протестирајќи против насилството во општеството и пуштањето на слобода на осомничени за убиства и нерешени злосторства.

Собраните на Плоштадот Република носеле транспаренти “Ние се бориме за правда”, “Сите ние сме Федор” и “Правда за Вук и Владислав”, потсетувајќи на убиства кои не се решени.

Дејана Вукадиновиќ вели дека искрено се надева дека акцијата ќе донесе резултати, затоа што луѓето сакаат правда и вистина.

“Се убива недолжен млад свет, судењата се катастрофални, се апси Мишковиќ и власта покажува сила, а кога некому ќе му се одземе животот, убијците ги пуштаат на слобода”, рекла Гордана Мариќ. Спрема нејзините зборови, Федор е убиен кога го тепале 20 луѓе кои биле обезбедување на сплавовите, при што скршен му бил вратот и  рбетниот столб, а денес најголемиот број од тие насилници се на слобода. Сличен е и случајот со Фримерман кој е убиен пред сплавот Саунд, исто така од луѓе од обезбедувањето, кои го претепале до смрт а неговиот другар Милан Модриниќ преживеал.

Таа ги повика властите, посебно првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ да превземе нешто против насилствата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top