Излегле на прошетка и пронашле злато

На својот имот нашле златници

 |  инфодеск  | 

Брачен пар, кој логично сакале да останат анонимни, во февруари пронашле многу злато, на својот имот во Северна Калифорнија. 

Нивното пронаоѓање е проценето како најголемо во историјата на САД кога се во прашање златници.

Дејвид Хол од “Professional Coin Grading Service”, го пргледал и го оценил златото, и тврди дека се во прашање ретки златници кои на среќните пронаоѓачи им донело 10 милиони долари.

Приказната е неверојатна. Луѓето се шетале по својот имот во Северна Калифорнија и приметиле нешто, почнале да копаат и пронашле ковчег со златници. Потоа пронашле уште седум ковчези и на крајот завршиле со 1427 златници од периодот 1847-1894 година.

Реална вредност им е околу 27.000 долари, но експертите тврдат дека сега вредат околу 10 милиони долари.

Никој не знае како дошле до таму или кому му припаѓаат, но сомнежите се дека припаѓале на некој рудар кој својата заштеда ја закопал тука а потоа умрел.

Овие златници во мај би требало да се најдат на продажба на Amazon, оддел кој се занимава со антиквитети и уметнички дела.

Планот на овој брачен пар е да ги плати сите долгови, да донираат во локалните хуманитарни организации и да останат на својот имот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top