Пропаст од невидени размери

Преживеаа финансиски слом

 |  инфодеск  | 

Доживеаа финансиски слом од невидени размери, пропаднаа банките кои го чинеа 90% од банкарскиот систем, а по преполовувањето на вредноста на круната, замрзнати се сите менувачки трансакции. По тој октомври 2008 во Исланд  следеше длабока економска рецесија.

Денес Исланд, доживува изненадувачки силно опоравување. Оваа необична земја – со најголема стапка на наталитет во Европа, најмногу објавени книги по жител, каде презимињата никогаш не биле во мода, а популацијата низ векови преживувала неколку страотни уништувања од климата и вулканите – е посебна по уште една работа : граѓаните едноставно одбија да ги спасат пропаднатите банки. Тоа се ионака пари на странски инвеститори, беше мислењето во јавноста со често повикување на викиншките претци.

Исланѓаните претежно се рибари и земјоделци но во 2000 година во таа земја почнаа да се сливаат огромни количини на пари. Се чини дека ниедна земја дотогаш немаше привлечено толку капитал по глава на жител да на кратко време истите тие пари ги снема. Сега Исланд се врати на риболовот, економијата расте со солидна стапка, растат платите, а долгот се намалува. На ММФ предвреме му го исплатија долгот.

За неделникот “Шпигел”, Асгир Јонсон, кој пред кризата беше главен економист на најголемата пропадната банка, објаснува детали за кризата. Милијарди евра исчезнаа за миг а исчезна и работата на Јонсон. Тој издаде книга под наслов “Зошто Исланд”. Поточно најголемиот капитал доаѓаше од Германија, објаснува Асгир, откако исландските банки се либерализираа 90-тите години. И денес Германија е најголем доверител на Исланд. Исланд е слаба точка за Германија, вели Асгир кој денес работи како професор по економија во Рејкјавик. Во 2012 г. Дури 65000 туристи од Германија го посетиле Исланд.

Асгир тврди дека предупредувал за кризата, и говори за новите  можности за раст кои се темелат на старите ресурси : работливост на населението, здрава демократија, високото ниво на образование, туризмот, обновливите извори на енергија и рибарството. “Што би правеле ние без рибарењето”- вели Ј.Асгир.

Една од мерките на владата беше да на сите граѓани им дозволи улов до 650 кг. Дневно и така бројот на аматерски риболовци нагло се зголеми. Една од приказните, за Шпигел, ја кажува и банкарот Вали Хуколдсон. “Јас бев еден од оние кој  подметнуваа кредити”, и се присетува  како на некој земјоделец за кредит од 65000 евра како осигурување ја прифатил старата земјоделска машина. “Шефот ми рече, дај му пари, а ако бара два пати повеќе, да му дадеш” – раскажува Вали кој се врати на рибарењето по пропаѓањето на неговата банка.

Брзото опоравување на Исланд се темели на неколку мерки кој ги препорачува нобеловецот Пол Кругман. “Потез Исланд” по Кругман значи следното: пуштите ги банките да пропаднат, девалвирајте ја валутата, воведете контрола на дотокот на капитал и пробајте да го избегнувате плаќањето на надворешниот долг.

Исландскиот надворешен долг достигна 50 милијарди евра од кои 80% беа на големите банки, кои не го преживаа затворањето на славините која го предизвика светската економска криза. На два референдума Исланѓаните одлучија да не ги спасуваат банките со јавни пари а ги одбија и кредитите од Британија и Холандија. Владата го стегна ременот, расходите за социјала во буџетот не се зголемуваа од преткризните 42%. Допуштија продожување на девалвацијата на круната иако тоа ја зголеми инфлацијатадо 19% и долговите на домаќинствата на кои станбените кредити им се поврзани со инфлацијата или странска валута. Строго го контролираат дотокот на капитал. Прифаќаат 5,1 милијарда кредит од ММФ и скандинавските земји за финансирање на буџетот и формирање на домашни банки.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top