Пронашол грутка злато од 2,7 килограми

Со детектор за метал среќникот нашол грутка злато која се проценува на 135.000 долари

 |  инфодеск  | 

Mick Brown го пребарувал теренот со детектор на метал околу Wedderburn во Victoria кога пред неколку дена наишол на “бинго”. Пишува весникот Age. Се проценува дека грутката вреди 135.000 австралиски долари.

Brown за медиумите рекол дека помислил дека нашол парче бакар кога детекторот почнал да алармира. Тој изјавил дека грутката ќе ја продаде на приватен колекционер, ќе ги плати долговите и дека остатокот од парите ќе ги потроши на фамилијата.

Wedderburn е сместен во таканаречениот златен триаголник на државата Victoria кој бил средиште на златната треска во средината на 19 век.

Во 1981 година еден човек пронашол златна грутка тешка 8 килограми во близината на Wedderburn. Таа грутка е наречена Гордост на Австралија, но десет години подоцна таа е украдена од музејот во Мелбурн и повеќе не е никогаш пронајдена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top