Во петнаесет координирани полициски акции се откриени фалсификувани пари и опрема за нивно печатење, а најверојатно станува збор за мрежа поврзана со миланската мафија.
Романската полиција, на северозападот од земјата, запленила рекордна количина на лажни банкноти во вредност од 13 милиони евра во операцијата спроведена во соработка со италијанските колеги, известиле официјални извори.
“Мрежата кои ја сочинувале членови на италијанската мафија и романски државјани била специјализирана за фалсификување и пуштање во промет на банкноти од 20, 50, и 100 евра”, стои во соопштението на DIICOT и се додава дека е подигнато обвинение против четворица Италијани и еден романски државјанин.
Во петокот во судот се сослушани дваесет лица во склоп на истрагата покрената уште во октомври 2013 година.
“По податоците кои ги добивме од италијанските колеги специјализирани за борба против мафијата, станува збор за мрежа која е поврзана со миланската мафија”, рекла за новинарите шефицата на DIICOT, Alina Bica.
Италијанската финансиска полиција во средата објавила дека во Маркинезе, на југот од земјата, запленила 17 милиони фалсификувани евра со врвна изработка, при што е уапсено едно лице.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град