Неколку минути пред падот на авионот на Egypt Air, во четвртокот наутро во Средоземното море, уредите откриле чад во авионот, а тоа го покажале податоците кои автоматски се пренесуваат од авионот на серверите од компанијата. Таа информација во меѓувреме ја потврдија и истражителите, пренесува Daily Mail.
“Во авионот имало пожар”, рекол за Deutsche Welle експертот за авијација Tim van Beveren.
Спрема американската CNN податоците за чадот дошле од автоматскиот систем ACARS кој континуирано пренесува податоци за летот од авионот до серверите на авионската компанија.
“Системот пратил многу јасни информации. Откриен е чад во тоалетот”, рекол Beveren додавајќи дека минута подоцна чад е откриен и во просторот со електроника.
Во петокот се откриени остатоци од авионот, багаж и делови од тела 290 километри северно од египетскиот град Александрија, а денес египетските медиуми пренесуваат дека околу пладне нуркачите успеале да ја пронајдат и црната кутија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град