Пронајден бродот на Колумбо?

Локацијата одговара на онаа од дневникот на легендарниот морепловец

 |  инфодеск  | 

Американски тим на археолози под водство на Barry Clifford ги фотографирал остатоците на бродот на северниот брег од Хаити, а локацијата одговара на онаа од дневникот на Кристофер Колумбо.

Археолозите веруваат дека на северниот брег од Хаити ги пронашле остатоците на легендарниот брод Санта Мариа со кој Колумбо ја открил Америка во 1492 година.

Сите географски податоци, подводната топографија и археолошките докази силно сугерираат дека ова се остатоците на славниот брод на Колумбо“, тврди Barry Clifford. Овој американски подводен истражувач вели дека мораат да продолжат со работа за да го изведат детално археолошкото ископување на остатоците.

Меѓутоа, неговиот тим само ги фотографирале и ги измериле остатоците од бродот.

Санта Мариа бил долг околу 22 метри, имала три јарболи и 40 членови на екипажот. Десет недели откако Колумбо стигнал на Бахамите, бродот на Божик 25 декември 1492 година доживеал бродолом. Удрил во гребен на северниот брег на Хаити, а екипажот го напуштил бродот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top