Најновиот производ на Google се чини е многу едноставен за компанија која рзвива автомобил кој се вози самостојно, но би можел да го смени животот на многу луѓе на едноставен начин, пишува Metro.
Станува збор за лажица која помага при тресење на рацете, односно на лицата кои се борат со болести како што е Перкинсоновата болест.
За развојот е заслужна компанијата Lift Labs која ја купи Google во септември за необјавена сума на пари. Помагалото користи стотици алгоритми за да може да реагира на раката која се тресе, а потоа се прилагодува за да може лицето кое ја користи лажицата да продолжи со јадење.
“Имам пациенти кои не можат да јадат самостојно, мора друго лице да ги храни, а сега можат да јадат сами”, рекла за производот докторката Jill Ostrem.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град